Во Скопје ЗОО родени две волкчиња од загрозениот вид бели волци

Од Скопската зоолошка градина соопштија дека се родиле две бебиња од загрозениот вид бели волци (Canis lupus arctos).

Волкчињата се стари три недели, а белата боја како своите родители ќе ја добијат со текот на времето.

„Волчињата се со родителите, тие се грижат за нив. Мајката ги роди во дувло кое сама го направи и таму седат сокриени подолго време од денот. Во многу земји на ЕУ овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција“, велат од Скопје ЗОО.

May be an image of dog

Фото: Горан Анастасовски / Скопје ЗОО Фејсбук

Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци. Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од ловот на човекот, туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.