Во септември регистрирани 136.305 туристи, најмногу имало странски гости од Турција

Во септември 2026 година во земјава се регистрирани 136.305 туристи, кои оствариле вкупно 264.370 ноќевања. Странските туристи учествувале со 75,1 отсто во вкупниот број посетители, додека домашните со 24,9 отсто.

Најмногу странски туристи пристигнале од Турција – 27.933, по што следуваат Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Од вкупно остварените ноќевања во септември, 66,2 отсто биле од странски туристи, а 33,8 отсто од домашни.

Во првите девет месеци од 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 отсто во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи е забележан раст од 2,8 отсто, а кај странските од 3 отсто.

Во периодот јануари – септември, бројот на ноќевања пораснал за 3,5 отсто на годишно ниво. Ноќевањата на домашните туристи се зголемиле за 2,4 отсто, додека кај странските туристи растот изнесува 4,6 отсто.