Во рок од две години, Монблан се смалил околу два метра

Со најнови алатки и дрон, околу 20 лица се искачиле на Монблан во средината на септември, за детално да ја измерат висината на планинскиот врв.

Сега, научниците велат дека Монблан се смалил за повеќе од два метри во последните две години.

Највисокиот врв во Западна Европа сега е висок 4.805.59 метри во септември 2023, односно за 2.22 метри понизок од претходното мерење во 2021 година.

Дебел слој на на мраз и снег под кој е скриен врвот, ја менува височината на Монблан од година во година, според ветровите и временските (не)погоди.

„Ние собраме податоци за идните генерации и не ги интерпретираме, го оставаме тоа за научниците“, изјавиле од тимот на алпинисти-мерачи.

Според нив, намалувањето не значи дека висината нема да се промени со следните мерења.

Научниците ја мерат височината на Монблан секои две години од 2001 година за да соберат информации за влијанието на климатските промени врз Алпите.