Во Париз со багери се отстранува ѓубрето од улиците по тримесечниот штрајк на комунални работници

Француската престолнина Париз најави дека ќе почне да користи багери за отстранување на огромната количина ѓубре од улиците поради тринеделниот штрајк на работниците кои го собираат отпадот, пренесува Ал Џазира Балканс.

Останатите 7.000 тони смет ќе се отстрануваат со специјални возила, соопшти Градскиот совет. Сепак, големите количини ѓубре сè уште не претставуваат ризик по здравјето на населението, а ниту бројот на стаорци не е значително зголемен, додаваат оттаму.

Градот најави дека ќе остане буден и дека е во постојан контакт со регионалните здравствени власти, кои исто така потврдија дека нема здравствена криза.

Штрајкот е дел од протестот против пензиската реформа што Владата ја протурка низ Парламентот по налог на претседателот Емануел Макрон.

По наредба на полицијата, Одделението за собирање отпад испрати 421 камион за смет во текот на викендот и 158 во понеделникот, двојно повеќе од вообичаеното. Дополнително, 50 специјални возила го расчистуваа отпадот од блокираните улици.

Штрајкот го зафаќа само оној дел од Париз каде локалните власти се одговорни за собирање отпад, додека во другите области тоа го прави приватна компанија. Париз објави дека се фокусира да го отстрани отпадот од патеката на парискиот маратон кој треба да се одржи следната недела.