Во Лондон се појави нов мурал на Бенкси

Познатиот уличен уметник Бенкси потврди дека тој е авторот на уметничкото дело кое се појави во северен Лондон во неделата.

Тој вчера објави слики на своите социјални мрежи од изгледот пред и потоа на ѕидот кај Финсбери парк, во квартот ИслингтонСо.

На ѕидот сега се гледа „испрскана“ зелена боја зад исечено дрво, за да изгледа како зеленило со жена до него која држи распрскувач во раката и гледа кон дрвото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy)

Толпа луѓе вчера се собраа пред паркот да го видат делото, а еден локален жител за „Би-Би-Си“ изјави дека „се гордее што нивната улица била избрана за следниот мурал на Бенкси“.

Советот на Ислингтон рече дека тимот задолжен за остварување графити е свесен за делото и нема да го отстрани.

Членовите на Советот веруваат дека црешата која е во преден план на муралот е стара околу 40 до 50 години и е во распаѓање и има оштетување од габи. Сепак оттаму кажаа дека ќе продолжат да се грижат за дрвото и да го одржуваат во живот.