Бенкси го честиташе Денот на вљубените со мурал против насилството врз жените

Ново уметничко дело на тема кое испраќа порака против насилство врз жени и девојчиња, е потврдено авторство на Бенкси.

„Гардијан“ пренесува дека на муралот, кој е нацртан на ѕид во Маргејт, Кент, е претставена карикатура на домаќинка од 1950 година, која носи жолти ракавици за чистење, сина престилка и го бутка својот маж во ладилник.

Жената на муралот се смее и покрај тоа што има потечено око и ѝ недостасува еден заб.

Анонимниот уличен уметник Бенкси го потврди авторството на муралот, преку објава на серија фотографии од муралот на својот Инстаграм профил.

Се смета дека преку новиот мурал, Бенкси сака да го привлече вниманието кон насилството врз жените за време на Денот на вљубените.