Во четврток ќе се бира нов претседател на Сојузот на средношколци

Сојузот на средношколци на Македонија најавува дека во четврток, 10 јули, ќе го одржи своето 25. Генерално собрание и четвртиот конгрес во Собранието на Македонија, со почеток во 11 часот.

Настанот ќе опфати целосен преглед на активностите и резултатите од изминатиот двегодишен мандат на Сојузот, како и избор на нов претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво.

Кандидати за претседателската функција се Виктор Јакимов – ученик од средното приватно училиште „Нова“ од Скопје кој заврши втора година средно и Иво Маркиќ – ученик од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ – Скопје кој заврши прва година средно.