Владата предложи нова вонредна состојба од 8 дена, почнувајќи од денеска

На вечерашната 67-ма седница Владата на Република Северна Македонија донела заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски да утврди постоење на вонредна состојба за период од осум дена, почнувајќи од денеска, односно од 15 до 22 јуни.

„Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со  мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава“, стои во соопштението на Владата.

Попладнево претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција соопшти дека лидерите на двете најголеми политички партии постигнале договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули. Кратко потоа, информацијата преку социјалните мрежи ја потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Избори на 15 јули – постигнат договор меѓу власта и опозицијата