Владата ќе им додели субвенции од 30 милиони денари на 11 печатени медиуми

Владата на вчерашната 130-та седница ја донесе одлуката за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми.

„Согласно одлуката, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција“, стои во соопштението на Владата.

Претходно Владата го објави јавниот повик за оваа намена, во кој се наведува дека право на учество имаат печатените медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања, регистрирани на територијата на државава.