Викендов ќе се одржува „MESA Summer Jam“ – гејминг турнир во „Counter Strike: Global Offensive“ и „FIFA21“

По финализирање на онлајн фазата која се одвиваше минатиот викенд, турнирот „MESA Summer Jam“ преминува во завршница со физичко присуство, информира Македонската е-спорт федерација.

Тимовите кои се изборија за позиција во онлајн делот од овој настан со почеток во 11 часот оваа сабота и 10 часот во недела ќе се натпреваруваат во видеоигрите „Counter Strike: Global Offensive“ како и „FIFA21“ во просториите на Infomedia Studio (Кисела Вода – улица 1520 бб).

„По подолга пауза предизвикана од Ковид-19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство. „MESA Summer Jam“ е организиран согласно протоколите за превенција на Ковид-19. Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports“, информираат од федерацијата.

Оттаму ветуваат забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите.