Јапонската култура доаѓа во Скопје преку фестивалот „Нихон-Џи“ 

Јапонската култура доаѓа во Скопје, преку фестивалот „Нихон-Џи“ кој комбинира различни аспекти на јапонската култура, како литература, хаику поезија, кинематографија, музика, архитектура, боречки вештини, гастрономија, мода и поп култура, односно аниме, манга, косплеј и видео игри.

Фестивалот ќе се одржи на 28 мај во „Јавна соба“, а заинтересираните ќе може да учествуваат на натпревар во „Текен 7“ и косплеј.

32 гејмери ќе може да се пријават за натпреварот во „Текен 7“, а пријавувањето е отворено до 27 мај.

За оние кои сакаат да изработуваат рачни маски, може да ја покажат својата креативност во полето на косплејот со учество на натпреварот во рамки на фестивалот. Сите заинтересирани треба да ја пополнат регистрацијата за учество.

Организаторите на фестивалот „Нихон – Џи“, јапан.нет.мк, информираат дека натпреварот е отворен за оние кои сакаат да креираат свои оригинални маски и да персонифицираат ликови од јапонска манга, аниме или видео игри.

За учество во натпреварот, костимите мора да се базиран на ликови од јапонска манга, аниме или видео игри и потребно е тие да се рачно изработени. Учесниците ќе имаат три минути да го претстават својот костум пред публиката и жири комисијата.

Учесниците ќе се натпреваруваат за награди во прво, второ и трето место, а победниците ќе бидат избрани од жири-комисијата. Претставници на жирито ќе бидат професионалци во областа на модниот дизајн.

Изработката на плакатот е на Мартин Алексов, а логото на Стефан Ристовски.