[Видео] Велосипедисти блокираа германски автопат во протест за подобар јавен превоз

Околу 8.500 велосипедисти блокираа прометен автопат во Германија за време на протест на кој побараа подобар јавен транспорт и повеќе велосипедски патеки.

Демонстрантите на велосипеди се движеа по автопатот кој ги спојува Франкфурт и Висбаден, делница долга 40 километри, пренесе Би-Би-Си.

Протестот го организираше групата „Веркхршвенде Хасен“, чија цел е да го направат климатски неутрален транспортот во германската покраина Хесе до 2030 година.