[Видео] Тајмлепс видео во 10 секунди претставува 17-годишно орбитирање на егзопланета

Нова тајмлепс снимка покажува 17 годишно патување на голема екзгопланета околу нејзината матична ѕвезда убрзано во 10 секунди.

Станува збор за егзопланетата „Бета Пикторис б“ лоцирана на 64 светлосни години од нашата планета со маса 12 пати поголема од масата на Јупитер. Снимката за движењето на „Бета Пикторис б“ е креирана од научници кои собрале видеа со вистински податоци снимени во периодот од 2003 до 2020 година.

И покрај тоа што снимката е најдолгиот тајмлепс снимен од на егзопланета, на неа не се гледа целата орбита околу нејзината ѕвезда. Прикажано е само 75% од патувањето затоа што се потребни 23 години за да сврти целосен круг.

„Ни требаат уште шест години да собираме податоци за да може го видиме целиот круг. Речиси сме таму, но трпението е клучот“, изјавил истражувачот Џејсон Вонг.

Инаку, „Бета Пикторис б“ е една од неколкуте егзопланети кои истражувачите можат директно да ги набљудуваат.