Замор и при најмал напор, е најчестиот симптом во пост-КОВИД фазата којшто упатува на промени на срцевиот мускул, а од овие последици не се поштедени ни децата, велат инфектологот Катица Маранѓозова и детскиот пулмоалерголог Благица Манчева во видео подкастот на Республика.
Трансмисијата во училиштата по првиот месец од учебната година е мала, но велат дека најавениот скрининг во училиштата може да го намали ширењето на КОВИД-19. Предлагаат скринингот да се прави најмалку еднаш неделно.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.