[Видео] Прв трејлер за анимираниот филм „Batman: The Killing Joke“

На интернет веќе може да се најде првиот трејлер за анимираниот филм „Batman: The Killing Joke“. Адаптацијата на класичниот стрип за Бетмен ќе има премиера во Сан Диего, во јуни, пред целосно да биде објавен во лето. Актерот од „Војна на ѕвездите“ Марк Хамил ќе ја репризира улогата на Џокер во филмот, заедно со Кевин Конрои како Бетмен, а во режија на Сем Лиу.