[Видео] Погледнете го „Хемискиот спектакл“ кој го приредија студентите од Институтот за хемија

Студентите од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје организираа „хемиски спектакл“ во кој, низ хумор и глума, пред публиката презентираа повеќе спектакуларни хемиски експерименти.

Студентите и професорите, маскирани во научниците кои ги откриле хемиските елементи, со настанот се вклучија во одбележување на Меѓународната година на Периодниот систем на елементите.

Целта на овие настани е популаризирање на хемијата како наука, а истовремено на студентите им се дава можност практично да ги прикажат стекнатите теоретски знаења низ образованието.

Од 2010 година како организатори на овие спектакли се јавуваат две неформални групи – „Групата на среќни хемичари“ и „Групата на не толку среќни хемичари“. Во првата членуваат дипломирани студенти и професори од Институтот, а во втората недипломирани студенти, кои по дипломирањето преминуваат во првата група.

Видеото го подготви Даниел Евросимоски.