[Видео] Нуркачите на „Амфора“ го „запалија“ василичарскиот оган  

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и оваа година традиционално кај Музејот на вода, покрај кобасици и вино, го „запалија“ василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.

„Со ова нуркачите од ‘Амфора’ ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите“, соопштија од Нуркачкиот центар.