[Видео] Моите, твоите, нашите улици

Како младите го гледаат општеството? Како ги доживуваат различностите? Што забележуваат кога се движат низ градските улици? Со кого ги делат?

Во потрага по овие одговори, тимот ангажиран од УНДП тргна по патот на младите во три града – Битола, Струга и Велес. Одеше по нивните улици, седеше на нивните места, разговараше за нивното секојдневие и за погледите напред.

Се работи документраниот филм „Моите, твоите, нашите улици“, продукција на УНДП, како дел од регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој е финансиран од United Nations Peacebuilding.

Фото: Принтскрин од видеото на УНДП