„Млади за Скопје“ ја објавија својата десетта, воедно последна епизода од првата сезона од овој проект, кој има за цел да претставува млади и алтернативни бендови и уметници, притоа да донесе свеж културен бран во главниот град.
„Десетката“ на „Млади за Скопје“ е резервирана за интервју со пијанистката Анастасија Гичевска и интервју со архитектката/уметницата Калина Трајановска.
„Млади за Скопје“ во 2020 и 2021 година организираа повеќе свирки и изложби во уличката кај „Ла Кања“ во Старата Скопска Чаршија, а потоа и самите правеа рецензии од настаните. Видео епизодите практично беа најава за секој следен настан, секогаш во вовед во нова тема за некој општествен проблем што потоа се споделуваше на настаните.