[Видео] Крај на Олимписките игри во Токио – штафетата предадена на Париз

Олимписките игри во Токио се затвораат по 17 дена спортска акција. Тие требаше да се одржат минатата година, но за прв пат во истроијата, поради пандемијата мораа да се одложат за годинава. Поради епидемиолошката состојба на публиката не и беше дозволен пристап на спортските натпревари.

На овие олимписки игри, теквондистот Дејан Георгиевски на земјава и донесе сребрен медал од светското натпреварување. С. Македонија беше претставуван и од Миа Блажевска Еминова и Филип Дерковски во пливање, Јован Стојкоски во атлетика, Арбреша Реџепи во џудо, Борјан Бранковски во стрелаштво, Пуликсенија Јовановска карате и Магомедгаџи Нуров во борење.

Најуспешни беа Соединетите Американски Држави, чии натпреварувачи освоија 113 медали, од кои 39 златни, додека зад неа се и Кина со 88 медали, односно 38 златни, како и Јапонија со 58 медали, односно 27 златни медали.

Токио ја предаде „штафетата“ на Париз, каде во 2024 треба да се одржат следните Летни олимписки игри. Тоа беше направено во ритам на тапани и темата „Светот што го споделуваме“, осмислена да ги охрабри спортистите, но и гледачите да „размислуваат за иднината“, велат организаторите.

По овој повод, во Франција се одржа манифестацијата на која беше претставен градот домаќин – престолнината на оваа држава, каде пишуваше „Благодариме, Токио“.

Покрај медалите и новите рекорди, овие Олимписки игри беа обележани и со неколку неспортски настани.

Уште пред почетокот, неколку луѓе од организацијата беа принудени да дадат отказ поради разни скандали, а вниманието на јавноста го привлече и случајот со белоруската спринтерка Кристина Тсиманоскаја, која доби хуманитарна виза во Полска, бидејќи се плашеше да се врати во родната земја откако ги критикуваше одлуките на нејзиниот тренер.

Инаку, Летните олимписки игри се одржуваат од 1896 година, на секои четири години во организација на Меѓународниот олимписки комитет.