[Видео] Ивановска: Ќе истражуваме кој ги цртал и одобрил плановите за градба спроти „Холидеј Ин“

Антикорупциската комисија ќе истражува кој ги цртал и одобрил ДУП-овите спроти „Холидеј Ин“ и зошто општината не ги суспендирала плановите коишто не се усогласени со ГУП-от. Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК вели дека следат зошто е тајна колку пари добиваат сопствениците на мали хидроцентрали како субвенции за струја од обновливи извори.

Во подолгото интервју на #ResPublicaMK, Ивановска одговара и за софтверот на Драги Рашковски, за случајот со родилката од Струга и платформите на Матка кои се уште стојат.