[Видео] Документарец за фестивалот „Озора 2022“

Традиционално, организаторите на психоделичниот трајбл фестивал „Озора“ објавуваат пост-филм за овој масовен настан во Унгарија. Изминатово лето „Озора“ се врати по двегодишна пауза, па со тоа стигна и нов документарец по пандемиската сага.

Документерецот го претставува целиот огромен живописен простор со 30.000 посетители, стејџовите, работилниците, уметностите и блесавите надреални моменти што се случуваат на овој фестивал.

Потсетуваме дека и Радио МОФ беше присутен на „Озора 2022“. Направивме осврт на активностите што се случуваат во долината на Дадпуста, каде 10 денови 24/7 живее вибратна заедница. Спој на фестивалџии, трансери, алтернативци, хипици и изгубени Германци.

На оној што му се чита, може на линкот подолу да ѕирне репортажно за фестивалот: од аватурите по патот, камперското доживување, преку главниот стејџ каде настапуваа и македонски артисти, па се’ до бајковитите простори за опуштање, играње, смеење, дружење, вајање, готвење…

[Галерија] Магијата на психоделичниот трајбл фестивал „Озора“