[Видео] Буџетските средства во медиумите преку кампањи – закана за уредувачката политика

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) преку видео инфографик укажува за буџетските средства во медиумите преку кампањи – закана за уредувачката политика.

Од ЗНМ посочуваат дека во минатото платените јавни кампањи во приватните медиуми се покажаа исклучително шететни.

Исто така, исплатата на трошоците за политичко огласување во медиумите од државниот буџет, ја загрозуваат независноста на уредувачката политика.