„Вечноста или ништо во три сцени“ на Академска сцена

Работени според претставите „Вечноста“ од Ласгуш Порадеци, „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет и „Кога би бил богат“ од Дино Буцати, утре, на 17 декември, на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), ќе биде одигран испитот по Сценски говор IV.

Улогите ќе ги играат Бејтула Керими, Мелика Кастрати и Илка Нуредини.

„Сè што се случува, мора да се случи во одредено време и простор. Не може нешто да се случи никаде, или никогаш. Но, вечноста како поим е без почеток и крај и е во спротивност со концептот на време. На кусо, ако вечноста постои, тогаш време нема. А ако време нема, следствено ќе може ли да има простор и случка? Како да се претстави на сцена еден ваков концепт е предизвикот на овој испит“,  велат од Академска сцена.

Сите заинтересирани треба да го резервираат својот бесплатен билет.