В џеб, ако нема каде друго – активисти на ЛЕАД и волонтери ќе го чистат Водно

Активисти на Движењето ЛЕАД со поддршка на волонтери денеска од 15 часот ќе го чистат Водно од отпадоци  во рамките на нивниот проект „В џеб, ако нема каде друго“.

Како што информираат од ЛЕАД, целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи капи со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

[Фото] „В џеб, ако нема каде друго“ – еко акција во Етно Село

Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ