УСДА: 40% од тестираните белоопашести елени во северот на САД имаат антитела на коронавирус

Истражувачите од Американското министерство за земјоделство (УСДА) анализирало примероци од крв од повеќе од 600 елени во Мичиген, Илиноис, Њујорк и Пенсилванија во текот на изминатата деценија, па откриле дека 40 проценти од 152 диви елени тестирани од јануари до март 2021 година имале антитела на САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува КОВИД-19. Уште три елени тестирани од јануари 2020 година, исто така, имале антитела, објави Нешнел географик.

Нивното присуство значи дека елените најверојатно се сретнале со вирусот, а потоа се „бореле“ со него. Животните не изгледале болни, па веројатно имале асимптоматски инфекции, вели Аенцијата. Околу 30 милиони белоопашести елени со живеат во САД.

„Ризикот животните да го шират САРС-КоВ-2 на луѓето се смета за низок“, велат од Министерството во соопштението за Нешнел Географик.

Сепак, резултатите може да сугерираат дека „воспоставен е секундарен резервоар за Сарс-КoВ-2 во дивиот свет во САД“, вели Јирген Рихт, ветеринар и директор на Центарот за нови и зоонозни инфективни болести на Државниот универзитет во Канзас. Ако вирусот циркулира кај други видови, може да продолжи да се развива, можеби на начин што го прави потежок или пренослив, поткопувајќи ги напорите за забавување на пандемијата.

Претходно оваа година, истражувачите утврдија дека елените се подложни на вирус кога се инфицирани во лабораторија – и дека можат да го пренесат еден на друг. Но, научниците досега не знаеја дали се случуваат инфекции во природата. Единствениот вид со лабораториски резултати што покажува дека се заразиле со вирусот во дивината бил визонот, иако мачки, кучиња, видра, лавови, тигри, снежни леопарди, горили и пума имале епидемии во заробеништво или во зоолошки градини.

Новиот извештај на Министерството беше објавен во тест фаза на веб-страница, што значи дека се’ уште не е научно верифициран. Центрите за контрола и превенција на болести не одговориле на барањето за коментар.

„Во моментов нема докази дека САРС-КоВ-2 има негативно влијание врз елените. А за луѓето, нашиот бесконечно поголем проблем – се шири од другите луѓе“, вели Даниел Бауш, експерт за зоонозни болести со седиште во Швајцарија и директор на новите закани и глобалната здравствена безбедност на непрофитниот ФИНД.

Министерството вели дека ризикот за луѓето што ловат белоопашести елени не е висок. Иако истражувачите тврдат дека вирусот првично скокнал од животно на човек на пазар во Кина, каде што дивите животни биле заклани и продавани за храна, разликите во процедурите за подготовка на храна се важни.

„Нема докази дека може да се заразите со КОВИД-19 со јадење (контаминирана) храна, вклучително и ловено месо од дивеч“, соопштува Американското министерството за земјоделство. Од таму не издаваат нови упатства, наместо тоа укажуваат на постојните владини препораки за добра хигиена при обработка на животни, кои вклучуваат правилно готвење и чување месо, како и чистење и дезинфекција на сите ножеви, површини и опрема.