Уредничка на BBC се повлече од функцијата поради различни плати помеѓу мажите и жените

Новинарката од Би-Би-Си, Кери Грејси – уредничка за Кина во регионалното биро на телевизијата во Пекинг ќе поднесе отказ од функцијата во знак на протест поради разликите во платите помеѓу мажите и жените во теливизијата.

Грејси, која работи во BBC 30 години, изјави дека не може да ја врши работата, додека се бори со шефовите за еднаквост на платите помеѓу мажите и жените.

Таа го наведува примерот на четворица меѓународни уредници во BBC, од кои двајца мажи што земаат дури 50 проценти повисоки плати од колешките.

Грејси најави дека ќе се врати на старото работно место во дескот на BBC, каде се надева дека ќе има иста плата со колегите.