„Урбана архитектура во двојна експозиција“ – изложба на фотографии од Виктор Поповски во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија 2) ќе се отвори „Урбана архитектура во двојна експозиција“ – изложба на фотографии од Виктор Поповски.

Виктор Поповски е роден во Скопје 74-тата година од минатиот век, фотограф, издавач на разгледници и туристички водич.
Последните десетина години е најпродуктивниот период во неговата фотографија. Професионалното искуство го стекнува работејки како фоторепортер за неколку редакции како Фокус, Точка, Лице в лице и други, но и како соработник со неколку поголеми маркетинг-агенции.

„Од кога го знам Виктор знам дека се занимава со фотографија, но кога ги видов неговите фотографии, кои го фатиле времето во рамка по скопските улици, јасно ми беше дека се работи за истенчен фокус, нерв и жила да се прибере моментот во најчесто луцидна приказна. Се работи за извонредна интуиција и познавање на ликовниот јазик, дали научен или по инстинкт, најмалку е важно, неговите фотографии имаат сѐ“, вели за авторот Сергеј Дамовски.

Повеќе информации на следниов ЛИНК.