„50 години македонски анимиран филм“ од 10 до 22 ноември во МКЦ

Изложби, проекции и дискусии се најавени од 10 ноември, кога во МКЦ се одбележува настанот „50 години македонски анимиран филм“.

Отворањето е закажано за среда во 20 часот со проекција на „Ембрио № M“  – првиот македонски анимиран филм. Истовремено, ќе бидат отворени изложби во двете галерии на МКЦ „Македонски анимиран филм 1971 – 1991 и „Сцената денес“. Се работи за изложби на оригинални артефакти од анимираните филмови што ќе траат до 22 ноември.

Во четврток, 11 ноември, од 19 часот во киното „Фросина“ е најавена дискусија „Македонски анимиран филм 1971 – 1991“ (разговор за истражувачкиот проект и истомената публикацијата.

Од 20 часот ќе има проекција на следните филмови од 1971 до 1991 година:
Стрелби – Дарко Марковиќ
Феникс – Петар Глигоровски
Тоа е мојот живот – Боро Пејчинов
Хомо екраникус – Делчо Михајлов
Парабола – Мирослав Грчев
Демагог – Славољуб Игњатовиќ
Чистач – Милутин Рогановиќ
(Нај) Тешкото – Афродита Марковиќ

Петок, 12 ноември, кино Фросина, ќе има дискусија „За сцената денес“, односно за предизвиците на денешните автори на анимираниот филм.

Најавени проекции:
One of many – Вук Митевски
Кружно патување на монахот – Жарко Иванов
Народен фронт 12 – Иван Ивановски
Човекот што не сакаше да умре – Гоце Цветановски
Готлиб – Крсте Господиновски
Карантин – Иван Андреевски
Живот во меур – Никола и
Девојката што паѓа – Владимир Лукаш