Изложба „Носталгија“ на Иван Мегленов во МКЦ

Во Младинскиот културен центар од денес (5 мај) до 18 мај ќе биде отворена изложбата „Носталгија“ на Иван Мегленов.

Според најавите, „Носталгија“ e составена од серијал ситопечат графики, кои се интерпретација на спомените на авторот, артефакти од блиското минато чија функционалност е излишна или заборавена, но имаат оставено трага врз нас од голема емоционална вредност.

„Графиките ја прикажуваат емотивната врска со сеќавањата на детството и раната младост на авторот. Стилот на нивната изработка потсетува на едно убаво поминато време и буди носталгија за истото“, се вели во најавата за изложбата.

Иван Мегленов е роден во Скопје на 7 август 1996 година, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2019 година на отсекот Графика, паралелно студирајќи на Академијата за визуелни уметности при Џолев и уметностите, каде што ја стекнува дипломата за „Најперспективен студент“.

Денес е дел од тимот на Сеавус Едукативен и развоен центар, со 3 години работно искуство како графички дизајнер.