Уметнички проект: Бели жени со „црни“ фризури

Звучи скоро како виц: млада црна жена зема цела група бели жени со корпоративен стил, кои не ги знае и ги носи во црнечка фризерница. Таму, им прават „црни“ фризури, по што ги фотографираат. Правилата се едноставни: жените се согласуваат дека ќе учествуваат во изложба во Центарот за фотографија во Вудсток, во американската држава Њујорк, откако ќе ја добијат фризурата, дури и ако не им се допаѓа новиот стил. Уметничкиот проект на фотографката Endia Beal со наслов „Може ли да го допрам“ (“Can I Touch It?”) на прв поглед изгледа смешно, но уметницата вели дека хуморот не и бил целта. Таа сакала да ја смени востановената перцепција за професионален изглед на работното место.

Уметнички проект: Бели жени со „црни“ фризури

„Сакав да дозволам некому да почувствува нешто поинакво, да искуси нешто што никогаш не го пробал. Низ ова искуство, жените се почувствуваа непријатно. Потоа разговараме за тоа, што уште повеќе го зголеми непријатното чувство“, вели Beal, која додава дека многу од жените кои ги фотографирала, сепак се чувствувале „освежено“ со новиот изглед.