Украина ќе поднесе тужба за екоцид против Русија

Украина се подготвува да поднесе тужба за екоцид против Русија, а истражувачи веќе ја копаат почвата, собираат примероци, фотографираат и поставуваат ознаки во близина на браната Каховка..

Украина ја обвинува Русија за експлозијата во браната Каховка, голема хидроцентрала во реонот, кој беше уништен во јуни годинава, што предизвика поплави и ја оштети животната средина.

За да собере докази, Украина испрати тимови од стотици еко-истражувачи во регионот, под надзор на украинскиот обвинител Владислав Игнатенко.

Тие спроведуваат прва светска истрага за воени злосторства за наводите дека Русија извршила „екоцид“ со уништување на браната, случај што Украина има намера да го поднесе до Меѓународниот кривичен суд.

„Сите супстанции што беа на површината беа однесени низ водата, што потоа се впи во почвата. Тие загадувачи во иднина ќе бидат апсорбирани и раширени низ животните и храната“, изјавил Игнатенко.

Десетици луѓе загинаа додека цели села беа потопени од поплавите, за кои Обединетите нации соопштија дека предизвикале штети од 13 милијарди евра.

На околу 300 километри од браната, на периферијата на Запорожје, на почвата се расфрлани суви школки низ старото корито на Каховка.

„Овде порано водата беше висока четири метри. Милијарди живи организми беа убиени ненадејно, во неколку дена откако резервоарот се испразни“, вели Вадим Маниук, биолог од Универзитетот „Олес Хончар“ во Днепар.

Иако Меѓународниот кривичен суд не го признава екоцидот како кривично дело само по себе, големата еколошка штета може да се смета како дел дел од случаите за воени злосторства.