Дејвид Бекам го предаде Инстаграм профилот на докторка од Украина

Поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам вчера ја предаде контролата на својот Инстаграм профил на украинска докторка од градот Харкив.

Докторката Ирина која е раководителка на регионален перинатален центар го помина денот објавувајќи видеа за работата што ја вршат медицинските професионалци среде конфликтот, јавува „Би-Би-Си“. Профилот на Бекам има повеќе од 71 милион следбеници.

На снимките се гледа третман на новороденчиња и подрум во кој пациентите мораа да бидат преместени за да избегнат гранатирање.

Поранешнанта ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид рече дека сака да ја истакне „неверојатната работа која Ирина и здравствените работници како неа ја правата за да спасат животи во Украина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Докторката Ирина, која покрај тоа што го води центарот, работи и како педијатриски анестезиолог, рече дека откако започнала руската инвазија работи 24/7.

„Првите денови беа најтешки. Моравме да научиме како да работиме покрај бомбардирањата и нападите. Веројатно си ги ризикуваме животите, но воопшто не размислуваме за тоа. Ја сакаме нашата работа. Тука има доктори и медицински сестри, се грижиме, плачеме, но никој од нас нема да се откаже“, рече таа.

Харкив е втор град по големина во Украина и е цел на руско гранатирање повеќе од три недели.

Докторката вели дека на првиот ден од нападот, сите бремени жени и мајки морале да бидат преместенин во подрумот на центарот.

„Тоа беа ужасни три часа што ги поминавме заедно“, рече Ирина.

Бекам истовремено ги охрабри своите следбеници да донираат за агенцијата на Обединетите нации – УНИЦЕФ, каде тој е амбасадор.