Јохансон: Протокот на Украинци во ЕУ се намалува на нивото пред војната

Бројот на Украинците кои влегуваат во земјите на Европската Унија се врати на нивото пред војната, односно од пред почетокот на руската инвазија, а се повеќе луѓе ќе се враќаат и ќе заминат пред почетокот на новата учебна година, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

По руската инвазија во февруари, повеќе од шест милиони луѓе ја напуштија Украина и побараа засолниште во земјите-членки на ЕУ, објави Фронтекс на крајот на април. Досега се вратиле 3.1 милион луѓе.

„Што се однесува до протокот на бегалци, ситуацијата сега е стабилна. Бројот на преминувања од Украина во ЕУ е на предвоената бројка, и на ниво од пред пандемијата со коронавирус, така што се вративме на нормалниот, вообичаен број на луѓе што преминуваат“, рече Јохансон.

„Предвидувам дека голем број Украинци ќе донесат одлука пред почетокот на новата учебна година, дали нивните дека ќе започнат на училиште во некоја од земјите-членки на ЕУ или ќе се вратат во својата татковина и таму ќе ја започнат учебната година“, додаде таа.

Земји со најмногу украински бегалци по глава на жител се Чешка, Полска, Естонија, Литванија, Бугарија и Латвија.