Украина и Молдавија почнуваат преговори за членство во ЕУ

Европската унија на 25 јуни во Луксембург ќе ги почне пристапните преговори со Украина и Молдавија, пренесува „Анадолу“.

„Европскиот совет ги усвои генералните ставови на ЕУ, вклучително и преговарачките рамки, за пристапни преговори со Украина и Молдавија. Ова го отвора патот за започнување на преговорите во вторник, 25 јуни, во Луксембург“, објави белгиското претседателство со Европскиот совет на платформата Х.

Официјалното отворање на преговорите со Украина ќе се случи прво, во 15 часот и 30 минути, а потоа во Молдавија во 18 часот, се вели во пораката.

Европската комисија на 7 јуни препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, и оцени дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот кој ќе доведе до членство во ЕУ.