УЈП: Граѓаните да не отвораат СМС и да не споделуваат податоци кон лажен линк – UJP.mk

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира граѓаните дека вчера и денес непознат испраќач користејќи го логото на УЈП преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Како што велат од УЈП пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина “Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija”.

„Овој линк е лажен, и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи апелира да не се отвораат овие СМС пораки и да не се отвора линкот, а доколку некој го отворил линкот да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните затоа што истите можат да бидат злоупотребени“, потенцираат од УЈП.

Од Управата додаваат дека ги преземаат сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.