Училиштата во Северна Каролина им објавија војна на тесните фармерки

Со години, училишните одбори во САД се обидуваат да ги спречат учениците да носат хеланки и тесни панталони, со оправдување дека тие им го „одвлекуваат вниманието“ на машките ученици. Но, сега, училишна област во Северна Каролина е решена ова барање да го формализира како забрана за носење тесни фармерки. Сепак, студентите велат дека не го прифаќаат овој кодекс на облекување во училиштето без борба.

Како што објави на Твитер училишниот округ во Њу Хановер, „премногу тесните панталони, како што се тесните  (skinny) фармерки” треба да „се носат под надзор“, како и дека студентите треба облекуваат долга кошула или фустан, кој ги опфаќа „задниот дел“.

Од школскиот округ побараа од студентите да кажат што мислат за ова, и тие не се штедеа во одговорите.

„Да се надеваме дека не сте доволно глупави за да кажете дека овој кодекс на облекување не е насочен кон девојките и дека генерално е идиотски“, искоментира студент. Другите ученици тврдат дека тие никогаш не забележале дека студентите го кршат кодекс на облекување со тоа што одвлекуваат нечие внимание. Тие побараа од училишните власти, наместо да се фокусираат на панталоните, да почнат со реалните проблеми во училиштето како немање доволно учебници и бања кои се „распаѓаат”.

Од училишниот округ пак ја бранат својата одлука велејќи дека ова се прави за намалување на булингот и малтретирањето.

„Една од причините за промената на политиката беше тоа што некои од „поголемите девојки“ беа малтретирани поради нивните тесни фармерки “, изјави  Џенет Николс, потпретседател на училишниот одбор за локалната телевизиска станица WECT, во однос на политиката на забрана за носење тесни фармерки, пренесе thinkprogress.org.