„Убава е Македонија“ – Изложба од Новица Трајковски во галерија „Метаноја“

Денеска (18 октомври) од 12 часот во Галеријата  „Метаноја“ ќе биде отворена изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски.

За изложбата рецензентот д-р Коста Милков ќе каже: „Уметничката техника, методот, обработката, медиумот, жанрот и толкувањето можат да го направат секој физички предмет да мине отаде тварното и видливото; феноменот да каже нешто и за нуменот. … Првиот впечаток кога се гледа секое платно поединечно, а потоа и како целина е повикот на уметникот да се забележи феноменот. Да се види претставеното, да се забележат деталите на него, особено оние аспекти кои потезите, четката и боите ги нагласиле“.

Изложбата ќе трае до 22 ноември 2021.

Настанот ќе биде спроведен според здравствените протоколи против Ковид-19.