„Жената и големата војна“ – изложба во Државен архив

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, Државниот архив отвора изложба на тема ,,Македонската жена во Големата војна 1914-1918”.

Од архивот информираат дека на изложбата ќе бидат претставени значајни документи од нивните архивски фондови, во кои жената е претставена како борец, лекар, уметник, работничка, мајка и сопруга.

Изложбата зборува за улогата на сите жени на македонската територија, а ќе трае една недела.