Твитер ги стави на аукција статуата на сината птица и канцеларискиот мебел

Твитер стави стотици предмети од седиштето во Сан Франциско на онлајн аукција, меѓу кои и познатата статуа на сината птица.

Птицата во моментов е по цена од 11.000 американски долари, а остануваат само уште 24 часа за додавање. Покрај тоа, на продажба е и статуата во форма на знакот „@“ што веќе чини 4.300 долари.

Продажбата на предметите доаѓа откако Илон Маск ја купи компанијата лани. Откако дојде на функцијата во октомври, тој отпушти речиси половина од 7.500 вработени таму.

Тој исто така стави крај на некои од придобивките што ги уживаа вработените, како што се бесплатните оброци. Некои од кујнските апарати ставени на продажба вклучуваат неколку висококвалитетни машини за кафе и фонтана за газирани пијалаци со дипензер за мраз.

Твитер продава и машини за печатење, па дури и комплети мали фиокари кои се по цена од 60 долари.

Маск во ноември твитна дека компанијата забележала „голем пад на приходите“ што е резултат на заминувањето на неколку од огласувачите. Тогаш тој предупреди и дека може да банкротира.

Наводно, Твитер нема платено кирија за канцелариите што се наоѓаат во повеќе земји од светот, вклучувајќи го и седиштето во Сан Франциско каде сопственикот ги тужи за неплаќање.

Ник Дов, претставник од компанијата „Heritage Global Partners“ што ја администрира аукцијата изјавил дека продажбата на неколку од канцелариските предмети нема да го врати долгот на компанијата.

„Ако некој навистина мисли дека приходите од продажбата на неколку компјутери и столици ќе го исплатат долгот голем колку планина, тие се морони“, забележал Дов.