Три новозаболени и пет починати од КОВИД-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани три случаи на КОВИД-19 и тоа сите во Скопје.

Оттаму дополнуваат дека се пријавени пет починати лица во градовите Скопје, Радовиш, Тетово, Штип и Пробиштип. Едно од лицата починало во домашни, а четири во болнички услови. Починатите се лица од 50 до 81 годишна возраст.

Од МЗ исто така информираат дека се регистрирани 45 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150“, се вели во соопштението од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на КОВИД-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.325 тестирања.