Трето издание на Конференцијата „Студии по англистика – интердисциплинарност во истражувањата и практиката”

Третото издание на Меѓународната конференција „Студии по англистика – интердисциплинарност во истражувањата и практиката” (ЕСИДРП 2022) ќе се одржи онлајн  на 8 и 9 април.

Организатори се членови на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.

Досегашните две изданија во 2016 и 2019 г. беа оценети како квалитетни и инспиративни.

„На конференцијата, во чиј фокус е интердициплинарноста, своите истражувања ќе ги претставаат околу 100 учесници од 15 земји. Конференцијата ќе се состои од пленарни предавања на пет истакнати професори од Австралија, САД, Полска, Германија и Македонија, од панели, работилници, индивидуални и групни презентации и студентска сесија со постери. Темите на истражувањата се од областите на лингвистиката, преведувањето, книжевноста, применетите аспекти на јазикот, педагогијата, културата, филозофијата и вештачката интелигенција. Посебно ќе се истакнуваат начините на кои наодите од една дисциплина може да укажат на некои незабележани перспективи во друга дисциплина и како истовремено тие се дополнуваат“, најавуваат организаторите.

Сите останати детали за конференцијата се достапни на следниот ЛИНК, или на Фејсбук страницата на ЕСИДРП.