Тесла претстави соларни покриви за домовите

Основачот и извршен директор на компанијата за автомобили Тесла, Елон Маск, ги претстави новите соларни покриви, кои може да се приспособат на покриви на куќи и на електрични возила.

Сончевите покриви доаѓаат во четири различни стилови, кои беа презентирани на настан во Лос Анџелес, и секој од нив има различен естетски изглед. Маск ги презентираше соларните ќерамиди кои ја елиминираат потребата за традиционални панели, а притоа нудат подолготрајна батерија, наречена Powerwall.

„Ова е еден вид на интегрирана иднина. Електричен автомобил, Powerwall и соларен покрив. Клучот е во тоа што треба да биде убаво, евтино и целосно интегрирано“, рече Маск, презентирајќи ги новите производи.

Powerwall во кој се акумулира добиената сончева електрична енергија, е со удвоена моќност до 14 kWh димензии, а видот му е покомпактен во споредба со претходниот модел. Вредноста на овој развој е 5500 долари.