Телевизијата останува место за информирање на возрасните, младите се селат онлајн

Речиси 60 отсто од Американците велат дека вестите главно ги добиваат од својот телевизор, што е далеку повеќе од било кој друг медиум, покажува нова студија од Истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center).

Онлајн медиумите се најдоа на второто место, со 38%, по што следува радиото со 25% и печатените изданија со 20%.

Водството на телевизијата се должи речиси целосно на нејзината популарност кај постарите жители. Американците на возраст над 50 години се уште во голема мера гледаат телевизија, додека оние над 65 години, се информираат од весниците. Сликата е поинаква кај младите во САД.

Следењето на телевизијата и онлајн медиумите е на речиси исто ниво кај луѓето на возраст од 30-49 години, со мала предност за онлајн изданијата.  Кај најмладите анкетирани пак преовладуваат онлајн медиумите од каде се добиваат информациите. Тие вестите ги читаат главно на своите паметни телефони.

Што се однесува до вести на интернет, сепак нема големо ниво на доверба, особено кога станува збор за информациите на социјалните мрежи. Само 4% од анкетираните се изјасниле дека дека имаат „многу” доверба во ваквите вести.

https-%2F%2Fblueprint-api-production.s3.amazonaws.com%2Fuploads%2Fcard%2Fimage%2F137756%2FScreen_Shot_2016-07-07_at_9.55.23_AM