Телескопот Џејмс Веб ја успешно ја достигна финалната форма

Телескопот Џејмс Веб ја исполни својата трансформација со тоа што успешно беше распакуван и последниот панел од огледала, пренесува „Euronews“.

Телескопот успешно ја распакува целата мрежа од 18 поврзани златни огледала преку кои тој ќе собира што е можно повеќе светлост од небеските тела.

Моќниот телескоп, на чиј дизајн се работеше 30 години и чинеше 10 милијарди долари, ќе користи најсофистицирана технологија и се смета за еден од најголемите научни дострели во 21-от век.

Ваквиот успех беше прославен од инжинерите во Институтот за телескопска наука во Балтимор, Мериленд, но и од љубителите на астрономијата.

Но, колку време треба да помине пред телескопот да ја испрати првата слика?

Бил Нелсон од НАСА вели дека треба да помине малку подолго време пред да ги добиеме сликите.

„Ќе бидат потребни шест месеци пред да добиеме слики. Но, откако ќе добиеме, хоризонтот не е граница. Ќе добиеме ново знаење за тоа кои сме, што сме и од каде сме, како и дали има некој друг во вселената.

Откако телескопот ја достигна својата финална форма, најпрво ќе почне да ја усогласува својата оптика, а потоа да ги калибрира своите научни инструменти.

Инфрацрвената технологија на телескопот ќе овозможи ќе овозможи да се погледне во атмосферата на голем број планети надвор од Соларниот Систем и да открие од што се составени овие планети и дали евентуално на нив има услови за живот.

Наредно, телескопот треба да стигне до својата дестинација на 1,6 милиони километри од Земјата во точката Лагранж 2, која има идеална гравитација погодна за соларната орбита.

Ова истовремено претставува и главната неизвесност на целата мисија, бидејќи далечината од Земјата е таква што доколку нешто појде наопаку од замисленото нема можност за интервенција од човечки екипаж.

За споредба, претходникот, телескопот „Хабл“ кружи околу Земјата на далечина од 550 километри.

Нова астрономска ера – Лансиран телескопот „Џејмс Веб“ кој треба да ѕирне во раѓањето на Универзумот