Техничкиот директор на Твитер си поднесе оставка

Техничкиот директор на Твитер, Адам Месинџер, со „твит“ соопшти дека поднел оставка, по пет години поминати во компанијата.

„Одлучив дека мора да го напуштам Твитер по пет години работа”, напиша Месинџер, кој се заблагодари на основачот на група Џек Дорси за соработка.

Ова само ја потврди претходната најава за отпуштање на вработените од оваа американска социјална мрежа. Пред неколку недели оставка поднесе и другиот шеф на Твитер, Адам Бејн, кој се сметаше за „десна рака“ на Дорси.

Твитер има финансиски тешкотии да донесе нови инвеститори, затоа што се уште не успеа да има поголем профит од своето основање во 2006 година.

Оваа социјална мрежа во крајот на октомври објави дека ќе отпушти 350 работници, односно девет отсто од својата работна сила.