СЗО: „Акутната фаза“ на пандемијата ќе заврши годинава доколку се вакцинира 70% од светското населени

„Акутната фаза“ на пандемијата со коронавирусот ќе заврши годинава доколку се реализира планот за вакцинација на 70 отсто од светската популација, изјави вчера генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрехесус, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

„Очекуваме дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши годинава, под услов 70 отсто од светското население да биде вакцинирано ндо јуни или јули“, рече Гебрехесус.

„Тоа не е прашање на случајност. Тоа е прашање на избор“, додаде тој.

Генералниот директор ја даде изјавата за време на посета на фабрика која беше прва во Африка која произведе мРНК вакцина против Ковид-19 користејќи ја секвенцата на вакцината „Модерна“.

Во Африка речиси 11 отсто од населението е вакцинирано, што е најниска стапка во светот.