Свирка на „Sol Nocivo“ и „Псевдопрофитес“ во СЦ Дуња

Скопскиот рок бенд „Sol Nocivo“ и солунскиот хардкор панк „Псевдопрофитес“, ќе имаат заеднички настап во Социјалниот центар Дуња.

Свирката ќе се одржи во петок, 9 септември, со почеток во 20 часот.

„Sol Nocivo“ е бенд во кој членуваат Давид, Михаил, Леа и Макс, а постои од 2021 година.

„Псевдопрофитес“ или во превод „Лажни пророци“, хардкор панк и метал бенд од Солун, основан во 1996 година.  Преку своите текстови тие го критикуваат авторитарното општество и структури, а ги изразуваат и агониите на жителите на современите урбани центри.

„Свирејќи во Македонија во време на загреан национализам од сите страни сакаат особено да испратат порака дека името, границите и договорите меѓу државите нема да успеат да не поделат, бидејќи имаме многу повеќе заеднички нешта отколку причини за делба“, велат од СЦ Дуња.