Свирка на „Mavro Gala“, „Dreamachine“ и „Divogradba“ вечер во „Котур“

Во мултимедијалниот простор „Котур“ во Скопје вечерва (четврток, 25 мај) од 20:30 часот ќе има свирка на три бендови.

За „Mavro Gala“, организаторот вели дека е  пост-хардкор експлозија со врескачки вокали директно од Атина, Грција.

Dramache“, пак, го карактеризираат како „synth punk трио кое успева да преживее во свет исполнет со изроди за само-подобрување и ниски плати“.

Ќе свири и „Divogradba“ – македонскиот алтернативен-рок бенд формиран од Андреј Димовски и Лука Јованоски во 2022 година.

„Огледувајќи се на нивните омилени бендови од минатото (Sonic Youth, Slint, Pixies), но користејќи ги и продукциските трикови на сегашноста, ‘Дивоградба’ прави обид да ги сврзе овие два аспекти и од нив да направи синтеза“, стои во најавата.

Влезот за настанот е 200 денари.