„Супер Марио“ отсега и во вашиот браузер

„Супер Марио“ отсега и во вашиот браузер

Оригиналната игра на Нинтендо, „Супер Марио“, која беше омилена занимација на многу генерации, отсега е достапна и во HTML5. Играта е приспособена за широки екрани, што значи дека можете да ја играте во вашиот браузер, со помош на тастатурата. „Супер Марио“ е дело на дизајнерите на Нинтендо, Shigeru Miyamoto и Takashi Tezuka, а играта за првпат е издадена во септември 1985. Во речиси три децении, таа стана еден од најпрепознатливите брендови во светот на видеоигрите.  Проверете дали се уште ги владеете оригиналните нивоа!